logo
logo
logo

Граничниот премин Богородица затворен, ПОЖАРОТ СТИГНАЛ ДО РАМПИТЕ, СЕГА Е ИЗГАСНАТ

Vecer | 03.08.2021

Граничниот премин Богородица затворен, ПОЖАРОТ СТИГНАЛ ДО РАМПИТЕ, СЕГА Е ИЗГАСНАТ

Пожарот кај Гевгелија стигна до граничниот премин „Богородица“ кај Гевгелија, кој е затворен за сообраќај и од македонска и од грчка страна.

Пожарот избувна попладнево кај Гевгелија, а поради ветрот брзо се спушти до граничниот премин.

Поради пожарот што попладнево избувна на потегот меѓу месноста Милци и Граничниот премин „Богородица”, сообраќајот на овој граничен премин е во прекин и возилата се пренасочуваат на граничниот премин „Дојран”, информираа од АМСМ.

Огнот во близина на преминот е изгаснат, но се чека целосно да се смири ситуацијата со пожарот, со последиците од него пепелта и чадор, па тој пак да биде отворен.

Засега нема информации кога ќе биде повторно отворен преминот, а до тогаш патниците се пренасочуваат на граничниот премин „Стар Дојран“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk