logo
logo
logo

„Граѓаните на Велес да бидат запознаени со фактичката состојба и се она што му се случува на градот“

Vecer | 31.05.2023

„Граѓаните на Велес да бидат запознаени со фактичката состојба и се она што му се случува на градот“

Граѓаните на Велес да бидат запознаени со фактичката состојба и се она што му се случува на градот, вели пратеникот Игор Здравковски на Фејсбук.

Пред повеќе од една година (за 2022), заедно со градоначалникот имавме низа контакти и преговори, директни или индиректни со повеќе министерства, агенции и институции, со цел да договориме што е можно повеќе инвестиции и влез на средства во градот за да го обновиме од пустошот што го оставија зад себе СДС после четиригодишното владеење на локално ниво, како и владеењето на нивните пратеници од власта за кои сѐ освен Велес им беше приоритет, изјави тој.

Додава дека имало договор за средства во висина од 72.000.000 ден за инфраструктурата во Велес, повеќе од 30.000.000 ден за образованите итн.

- Бевме среќни што од позиција на опозиција успеавме да обезбедиме средства, додека пак јаничариве додека беа четиригодишно раководство на локалата обезбедија само 17.000.000 ден. Бевме среќни се додека не дознаа овие оттука кои денес глумат конструктивци и почнале да вртат телефони по Скопје да се блокира сѐ за Велес. На крај градот доби 0 ден. поддршка само да не бидат успешни градоначалникот и ВМРО-ДПМНЕ, посочи тој.

Она што понатаму се случуваше е вистината дека никогаш не се откажавме и продолживме уште посилно и решително. Сѐ што сега се гради од државни пари се гради поради нашата непоколебливост, се заканивме јавно и лично со блокада на базата на Македонија Пат доколку не се издвојат средства за Велес и бевме многу сериозни. Но овојпат за разлика од претходната целите процеси ги водевме тивко и далеку од ушите на јаничарите од СДС и конечно успеавме, вели Здравкоски и додава

Една работа мора да се знае, а тоа е дека парите од ЈПДП, парите од МОН или од било кое министерство не се пари дадени од џеб од Таче или Груби, тоа е се пари на граѓаните, а велешани како чесни граѓани секако ги плаќаат преку даночните обврски.  Понатаму се соочивме со мнгоу инспекции по разни основи кои имаа задача да кочат проекти кои се финансирани од ЕУ, Светска банка итн, но со чесност и труд се бориме и ќе се избориме и со нив.

Сега гледам дека ставаат сиротите слики од училишни тоалети во лоша состојба итн, но забораваат дека руина не бива за една година, туку руина станува објект за кој многу години не се водело грижа. Токму затоа во ребалансот на општинските средства се предвидени милионски суми за реконструкција на училишта.

Но, еве ако се толку загрижени нека ги откочат постапките за оние 30.000.000ден кои треба да ги добие Хемиска за комплетна реконструкција (или сега им ја нема миленичката МХ па повторно ќе кочат)...

Како и да е, треба да научите една работа... Чесноста и искреноста во намерата за помош и развој на градот се познава од далеку.

Радувањето на кочењето на процесите сите ги гледаме, но толку сте небитни во приказната што освен игнорирање друго не заслужувате.

П.С. Оној диџејот Мирко Попов еднаш кажа дека СДС е дијагноза, и ќе се согласам со него... Но не било каква туку #дијагноза #F31(биполарност за тие што не знаат), истакна тој.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk