logo
logo
logo

Муцунски

„Граѓаните ја препознаа разликата помеѓу Данела и Шилегов, ЌЕ ГО ПОТВРДАТ ТОА И ВО ВТОРИОТ КРУГ“

Vecer | 26.10.2021

„Граѓаните ја препознаа разликата помеѓу Данела и Шилегов, ЌЕ ГО ПОТВРДАТ ТОА И ВО ВТОРИОТ КРУГ“

Од тука тргна поразот на СДСМ, од тука тргна тој историски процес кој ќе значи слобода за Македонија, слобода за општините низ Македонија. Процес кој ќе значи многу работа, многу проекти, додадена вредност за нашата општина Аеродром, рече градоначалникот на општина Аеродром, Тимчо Муцунски на вечерашниот митинг во Лисиче.

Тој рече „ветивме многу работи и тоа што го ветивме е една офанзива во инфраструктурата, тоа што сакам да го пратам како порака е дека целиот тим не заборава што е ветено, така ќе биде и за Скопје“.

-Тоа што е клучно е дека огромен дел од проектите кои се од интерес на нашите сограѓани може да бидат блокирани доколку Петре Шилегов остане градоначалник. И навистина имате избор меѓу прогрес кај Данела Арсовска и корупција кај Петре Шилегов, изборот е квалитетен професионалец или политичар кој не може да се гордеее со ниту еден капитален проект, кажа Муцунски.

Муцунски посочи дека граѓаните веќе ја препознаа разликата, а таа треба да се потврди во недела и Данела Арсовска да биде градоначалник на град Скопје.

-Со победата во Скопје на Данела Арсовска, СДСМ заминува во историјата, порача Муцунски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk