logo
logo
logo

Граѓаните и ПЛАЌААТ НА ЕСМ, а не владата

Vecer | 02.06.2023

Граѓаните и ПЛАЌААТ НА ЕСМ, а не владата

Поранешниот министер за финансии, Џевдет Хајредини, преку својот Фејсбук профил му реплицираше на актуелниот министер за финансии, Фатмир Бесими во врска со енергетските прашања.

- Владата ќе продолжи да го поддржува АД ЕСМ со цел да не поскапи струјата за граѓаните, порача вечерва министерот за финансии Фатмир Бесими. И таа поддршка на АД ЕСМ ќе ја плаќаат граѓаните, не Владата - напиша Хајредини.

-Во Буџетот на годинава се предвидени 225 милиони евра за поддршка на граѓаните и стопанството за справување со кризата од кои дел се наменети за ЕСМ, рече Бесими во емисијата „Вин-вин“ на  Телма.

Посочи дека во текот на изминатата грејна сезона на ЕСМ од Буџетот му беа префрлени вкупно 320 милиони евра за да не поскапат струјата и парното, а со намалувањето на ДДВ-то како поддршка за пониски сметки беа одлеани дополнителни 70 милиони евра или вкупно речиси 400 милиони евра за да не се зголемат цените на енергентите.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk