logo
logo
logo

Никола Мицевски

ГРАЃАНИТЕ БАРААТ ВАКЦИНИ, А НЕ ПОПИС во пандемија

Vecer | 23.03.2021

ГРАЃАНИТЕ БАРААТ ВАКЦИНИ, А НЕ ПОПИС во пандемија

Граѓаните се незадоволни од власта бидејќи додека граѓаните од соседните земји се вакцинираат и полека излегуваат од своите домови, граѓаните на Република Македонија се уште немаат вакцини и не знаат ни воопшто дали ќе ги има, бидејќи според досегашните искуства, Владата манипулира и лаже во однос на вакцинит, изјави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски за Отворено на ТВ24.

Тој додава дека власта треба да  се фокусира кон набавката на вакцините, наместо да планира провизии, а граѓаните да се попишат тогаш кога тоа ќе биде нормално, а од спроведувањето на пописот никој нема има здравствени последици.

- ВМРО-ДПМНЕ ќе се бори за одложување на пописот до некое подобро време, бидејќи моменталното туркање на пописот не доликува на земја која што сака да функционира според европските вредности, рече Мицевски.

Додаде дека Македонија се соочува со светска здравствена пандемија која што секојдневно одзема човечки животи, а бројот на заболени галопирачки расте.

-  Таквите бројки укажуваат на фактот дека земјата се уште се соочува со коронавирусот и главен проблем кој мора да се реши е токму тоа, а не пописот кој власта сака да го спроведе, вели Мицевски.

Истакна дека пописот треба да се одржи во некое понормално време, кога истиот нема да претставува опасност за граѓаните, ии засега, пописот е сосема непотребен и згора на тоа влијае врз здравствената ситуација во земјата.

 

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk