logo
logo
logo

Градоначалникот на Кисела Вода, Ѓорѓиевски, на тендер ќе бира ревизорска куќа која ќе го чешла работењето на Темелковски

Vecer | 08.12.2021

Градоначалникот на Кисела Вода, Ѓорѓиевски, на тендер ќе бира ревизорска куќа која ќе го чешла работењето на Темелковски

-Во одговор на новинарско прашање кое се однесуваше на најавената ревизија за работењето за претходната локална администрација, посочив дека постапката е во тек и се чека да биде распишан тендер на кој ќе биде избрана надворешна ревизорска куќа која ќе ја води целата таа работа. Она што сакам да го потенцирам е дека апсолутно нема да има штитење ниту толеранција кон никого. Тоа беше мое ветување пред граѓаните и јас ќе го исполнам, секој ќе добие еднаков третман. Законот ќе важи подеднакво за сите, нема отстапки, напиша Ѓорѓиевски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk