logo
logo
logo

Градоначалникот на Кичево Фатмир Дехари со критики до власта за градската болница и автопатот Кичево-Охрид

Vecer | 04.10.2022

Градоначалникот на Кичево Фатмир Дехари со критики до власта за градската болница и автопатот Кичево-Охрид

Покрај членовите на таканаречената „огнена група“, незадоволство од министрите на ДУИ изрази и градоначалникот на Кичево од редовите на оваа партија, Фатмир Дехари, кој упати јавни критики поради одолговлекувањето на изградбата на кичевската болница, но и поради застојот на автопатот Кичево-Охрид. Говорејќи на овие теми во емисија на МТВ 2, Дехари го спомена и министерот за економија Крешник Бектеши, кој доаѓа токму од Кичево. Според кичевскиот градоначалник, Бектеши треба да биде, како што вели, погласен во насока на реализација на овие проекти.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk