logo
logo
logo

Градоначалникот на Бутел Смилевски и убиениот Идризи биле комшии и другари: Го сакав, не сум видел лошо од него

Vecer | 13.05.2021

Градоначалникот на Бутел Смилевски и убиениот Идризи биле комшии и другари: Го сакав, не сум видел лошо од него

Од детство, од четири години, па се до вчера, бевме заедно. Јас го знам многу поразлично. Мене ми бил другар цел живот, помал е, сум го сакал, сум го дружел, изјавил градоначалникот на Бутел, Велимир Смилевски за убиениот Камер Идризи. Во изјава за А1он тврди дека биле блиски со починатиот и не видел ништо лошо од него.

„Јас, како што го зборат, не сум го доживеал никогаш во живот. Тоа што сум му кажал некои работи, во принцип ме слушал. Како постар брат, бидејќи со неговиот починат брат и другиот брат, сме биле комшии, другари. Секој има своја приказна, јас не сум видел лошо од него. Во принцип сум го карал, бил помал. Комшија од дете ми е, кога моите родители ја изградиле куќата, тие ја добиле бараката. Сум немал ниту работа, ниту бизнис, туку било чисто другарство. За мене секогаш бил во ред“, вели Смилевски.

Идризи имаше 43 години. Тоа е истото лице кон кое беше пукано во престрелката во 2019 година кај скопскиот хотел Александар Палас.

Идризи секако и е добро познат на полицијата, а синоќа во критичниот момент бил во возило марка „голф“ на раскрсницата од булеварите „Босна и Херцеговина“ и „Христијан Тодоровски Карпош“. Од возило во движење, кон Идризи и негов помал внук кој бил со него во автомобилот биле испукани неколку десетици куршуми најверојатно околу 80.

Идризи почина а внук му се бори за живот во „Мајка Тереза“

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk