logo
logo
logo

„Градоначалниците на СДСМ се само локални шерифи„

Vecer | 09.03.2021

„Градоначалниците на СДСМ се само локални шерифи„

Ели Панова, пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ на денешната собраниска дебата за измените на Законот за финансирање на единиците од локалната самоуправа рече дека „власта нуди закони со европско знаменце или по скратена постапка само кога некаде гори“.

„Гори, затоа што имате катастрофална работа на градоначалниците. Ова е констатирано и врз основ на изјава на Зоран Заев кој вели дека е задоволен со работата на неколку градоначалници кои ги наведе“, рече Панова прашувајќи каде се другите.

Според неа градоначалниците се само локални шерифи кои не ја оправдаа довербата на граѓаните.

„Сега кога има локални избори годинава, вие предлагате инстант решенија, промена на закони кои нема да ја подобрат работата, ниту сликата за општините. И општините ќе побрзаат со ребаланс и ќе стават се што не реалзиираа изминатите три години да се направи сега. Но, тоа нема да им помогне само ќе ги лажете граѓаните“, рече Панова.

Пратеничката Панова укажа дека во предизборите имало само лаги затоа што за време на мандатот на градоначалниците ништо не е направено.

„Ветувавте засилување на капацитетите, транспарентност и отчетност, зголемување на средства за рамномерен развој, подобрување на услугите и зголемен квалитет на живеење на цела територија и што уште не. Ама на крај СДСМ наместо да се грижи за развој на општините ги направи зависни од централната власт. Децентрализацијата е цеосно запоставена“, кажа Панова.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk