logo
logo
logo

Градбите кои го НАГРДУВААТ Охрид ќе се УРИВААТ со АМИН на Владата

Vecer | 05.05.2021

Градбите кои го НАГРДУВААТ Охрид ќе се УРИВААТ со АМИН на Владата

Бесправно изградените објекти во Охрид ќе се отстрануваат со поддршка на Владата на Република Северна Македонија од каде потврдуваат дека ги поддржуваат активностите за отстранување на бесправните градби на охридското крајбрежје кои ги изведува Општина Охрид. Со ова уште еднаш, како што се вели во владиното соопштение, се потврдуваат заложбите за посветено исполнување на препораките на УНЕСКО и за имплементацијата на „Планот за управување со светското природно и културно наследство на Охридскиот регион.

- Владата на Северна Македонија веќе обезбеди средства во износ од шест милиони денари за отстранување на бесправните објекти кои се лоцирани на крајбрежјето на Охридското Езеро кои ја нарушуваат природната и културна  автентичност на регионот. Активностите за отстранување ќе ги опфатат физичките или правните лица кои имаат добиено решение за отстранување на бесправно изграден објект и не постапиле во согласност со издадените решенија од страна на градежните инспектори при инспекторатот на Општина Охрид, велат од Владата.

Со цел да се намалат штетите, да се избегнат дополнителни трошоци и да се забрза процесот на отстранување, Општина Охрид упати и апел до сопствениците на бесправни градби да постапат по решенијата за отстранување и сами да ги отстранат објектите.

- Владата на Република Северна Македонија во координација со Општина Охрид ќе продолжи да се залага за конечно воведување ред на охридското крајбрежје, кое долги години наназад беше узурпирано. Ја поддржуваме Општина Охрид да продолжи со активностите за отстранување на бесправните градби сѐ додека не бидат отстранети сите објекти кои ја загрозуваат животната средина и го деградираат уникатното заштитено подрачје на регионот, велат од Владата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk