logo
logo
logo

Град Скопје распиша нов тендер за струја

Vecer | 25.11.2021

Град Скопје распиша нов тендер за струја

Поради најавена енергетска криза, фирмите кои имаат склучено договор со Општините и јавните установи почнаа да ги раскинуваат договорите оти цената на струјата се очекува ќе расте. Од Град Скопје за порталот велат дека градот нема да остане без струја и улично осветлување додека се избере нова фирма, бидејќи постапено е согласно Законот за енергетика.
-По раскинувањето на договорот со компанијата ‘У Пауер’ на 1 октомври, Град Скопје во овој момент се снабдува со електрична енергија од снабдувач во краен случај, согласно Законот за енергетика и Правилата за снабдување со електрична енергија. Во моментов, не можеме да дадеме проценки за висината на новиот договор и колку ќе се плаќа за електрична енергија во 2022 година, истото зависи од поголем број на фактори, но генерално се очекува повисока цена поради состојбата со енергетската криза, велат од Град Скопје за СДК.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk