logo
logo
logo

Коалиција Менуваме

„Град Скопје НЕ ДОЗВОЛИ КАМП НА ЛИЦАТА СО ПОПРЕЧЕНОСТ во парк Жена борец“

Vecer | 23.07.2021

„Град Скопје НЕ ДОЗВОЛИ КАМП НА ЛИЦАТА  СО ПОПРЕЧЕНОСТ во парк Жена борец“

Град Скопје не дозволиле поставување на шатори пред Собранието на лицата со попреченост, соопштуваат од коалицијата Менуваме, која се бори за правата на лицата со попреченост.

Тие требаше  денеска да постават шатори пред Собранието, во парк Жена борец, но од Град Скопје не им дозволиле.

- Почитувани Медиуми, почитувана Македонска јавност ве известуваме по поднесеното барање за согласност од Градот Скопје за поставување на урбана опрема, (шатори, звук, светло и друг вид на опрема) за реализирање на кампот на жал не е одобрен, велат тие.

Оттаму додаваат дека согласно демократските принципи и слобода на говор, како Коалиција Менуваме, ќе го искористат своето право, повикувајки го секој пишан и електронски медиум да се слушне нивниот глас за проблемите на лицата со попреченост.

-  Нема да дозволиме селектирање (бидејки нема да дозволиме да бидеме замолкнати, не видливи и непрепознаени) за согласноста  која ја очекуваме од Градот Скопје, велат од Менуваме.

Од Град Скопје за медиумите не одговараат на што се должи оваа одлука, со оглед на тоа што протестниот камп беше уредно најавен.

Лицата со попреченост во вторникот одржаа протестен марш, на кој побараа државата да им овозможи достоинствен живот. Побараа да бидат еднакви, побараа поддршка од заедницата, но не добија ниту дозвола да протестираат.

На протесниот марш ов Владата до Собранието паратираа педесетина лица со попреченост, нивни блиски и малкумина поддржувачи. Не се појави ниту еден политичар, јавна личност, министер, не дојде ниту претседателот на државата.

Пред Собранието лицата со попреченост ја испеаја химната, а потоа ги наведоа своите барања.

Нивните барања се јасни, лицата со попреченост да бидат видени и истовремно присутни во општеството, да покажат дека и тие знаат да пеат, играат и да се радуваат. На 21 јули тие нивните барања ги поднеле до Владата, но до денеска немаат никаков одговор.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk