logo
logo
logo

Град Скопје најави почеток на летна градежна офанзива на улиците и булеварите

Vecer | 20.06.2021

Град Скопје најави почеток на летна градежна офанзива на улиците и булеварите


Градот Скопје соопшти дека ја почнува летната градежна офанзива за изградба и реконструкција на градските улици и булевари. Во претстојниот период предвидено е да почнат градежни работи на 11 локации низ градот, во неколку скопски општини.

Планирана е изградба или проширување на следните делници:

– Булевар Митрополит Теодосиј Гологанов, на потегот од булеварот Свети Климент Охридски до кружниот тек кај Католичка, на должина од 530 метри;

– Булевар АСНОМ, од булеварот Гоце Делчев до влезот во Ќерамидница, на должина од 300 метри;

– Улица Васко Карангелевски, на потегот од булеварот Јане Сандански до булеварот Трета македонска бригада, на должина од 1.000 метри; и на

– Раскрсница на улицата Скупи и булеварот 8.Септември, раскрсница на булеварот 8.Септември и булеварот Никола Карев и раскрсница на булевар Никола Карев и булевар Словенија (капиталниот проект за изградба на два кружни тека, подвозници и надвозници кај Момин поток).

Градежни работи за реконструкција на постојниот коловоз, пак, ќе се изведуваат на:

– Улица Бутелска, на потегот од улицата Александар Урдаревски до обиколницата, на должина од 850 метри;

– Булевар Борис Трајковски, на потегот од Пинтија до Драчево, на должина од 2.000 метри;

– Улица Лука Геров, на потегот од кружниот тек кај пожарната до улицата Волковска, на должина од 1.800 метри;

– Булевар Киро Глигоров, од булеварот АСНОМ до булеварот Александар Македонски, на должина од 1.500 метри;

– Улица Индира Ганди, втора фаза до обиколницата, на должина од 800 метри;

– Булевар Кузман Јосифовски Питу, на потегот од новата железничка станица до булеварот Кочо Рацин; и на

– Булевар Крсте Мисирков, на потегот од булеварот Кузман Јосифовски Питу до булеварот Гоце Делчев, на должина од 650 метри;


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk