logo
logo
logo

Град Скопје го раскина договорот со „Слобода превоз“: Приватниците ќе го блокираат градот

Vecer | 01.12.2022

Град Скопје го раскина договорот со „Слобода превоз“: Приватниците ќе го блокираат градот

Град Скопје попладнево соопшти дека денеска е раскинат договорот со здружението на приватни превозници „Слобода превоз“ поради неисполнување на обврските што произлегуваат од договорот.

-Во случајов, се работи за обврската за континуирано и непрекинато давање на јавната услуга за превоз на патници. За жал, „Слобода Превоз“ повеќе од два дена во континуитет не ја извршуваше оваа договорна обврска со што поради непочитување на договорот истиот е раскинат, информираат од Град Скопје.

Ги повикуваат сите приватни превозници да се пријават на јавниот повик што ќе биде објавен во текот на следната недела.

-Сметаме дека со овој модел, склучување на директни договори за јавен градски превоз со индивидуални превозници ќе придонесе за поголема транспарентност на процесот и полесно разрешување на потенцијални проблеми, додаваат од Град Скопје.

Информираат дека градскиот јавен превоз функционира непрекинато, а ЈСП Скопје во моментов има доволно капацитети да ги задоволи потребите на скопјани.

-Апелираме до „Слобода Превоз“ да ја ревидираат одлуката за блокирање на главниот град, бидејќи на тој начин нема да постигнат разрешување на проблемот, напротив, на овој начин проблемот се продлабочува. Скопјани не се должни да бидат колатерална штета, поради нерационалните барања на „Слобода Превоз“. Со уцени, нема договор, порачаа од Град Скопје.

Координативното тело на приватните превозници, пак, донесе одлука на кој начин ќе го оддржи утрешниот протест. Со почеток во 6 часот ќе биде блокирана  „Илинденска“, од семафорите после Влада до МИ-ДА, односно блокирањето ќе биде само на десните ленти.

Според најавите, доколку не се постигне договор до понеделник, приватните превозници ќе ги блокираат крстосниците кај „Мавровка“, „Црвен крст“ и „Илинденска“.

Се очекуваат 200 автобуси да бидат паркирани за време на протестот.

По најавите на Град Скопје дека договорот е раскинат, се очекува протестите да го блокираат Скопје.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk