logo
logo
logo

Гостиварец си ги тепал поранешната жена и синот

Vecer | 28.05.2021

Гостиварец си ги тепал поранешната жена и синот

Гостиварец е лишен од слобода откако бил пријавен дека физички ги нападнал поранешната сопруга и нејзиниот малолетен син. Полицијата работи на расветлување на овој случај и мотивите за пријавеното насилството.

Според СВР Тетово, доцна синоќа (28.05.2021) во 02.30 часот во Полициската станица Гостивар, 45-годишна жена од Гостивар пријавила дека претходниот ден нејзиниот сопруг Х.Ф. физички ја нападнал неа и нејзиниот малолетен син од претходниот брак.

Набрзо по пријавата, Х. Ф. бил лишен од слобода и приведен во полициска станица. Откако случајот ќе биде целосно документиран против насилникот ќе биде поднесена соодветна пријава.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk