logo
logo
logo

Гостиварец осомничен за обљуба на малолетничка од Скопје

Vecer | 28.07.2021

Гостиварец осомничен за обљуба на малолетничка од Скопје

Триесет и едногодишен гостиварeц е лишен од слобода откако бил пријавен дека извршил обљуба на малолетна девојка. Полицијата работи на расветлување на случајот.

Според информацијата од СВР Тетово, полициски службеници од Полициската станица Гостивар ноќва во 00:45 часот го лишиле од слобода И.Б. (31) од Гостивар. Тој се сомничи дека во дворот на семејната куќа извршил обљуба врз 17-годишна малолетничка од Скопје, која имала привремено живеалиште во Гостивар.

И.Б. е задржан во полициска станица Гостивар, а по целосното документирање на случајот против него во текот на денот ќе биде поднесена соодветна пријава

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk