logo
logo
logo

Гостиварец место во изолација, ФАТИЛ ПАТ ЗА ШВАЈЦАРИЈА

Vecer | 13.04.2021

Гостиварец место во изолација, ФАТИЛ ПАТ ЗА ШВАЈЦАРИЈА

Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Предлог за издавање казнен налог против едно лице за кривично дело – непостапување според здравствените прописи за време на епидемија согласно член 206 став 1 од Кривичниот законик, соопштија од ОЈО.

Од ОЈО наведоа дека обвинетиот 42-годишник од село Неготино, Врапчиште, на кого со Решение од Државниот санитарен и здравствен инспекторат му била определена задолжителна домашна изолација во траење од 20 дена, на 18 февруари остварил излез од државата преку граничниот премин „Табановце“ и се упатил кон Швајцарија.

Надлежниот јавен обвинител му предложил на Судот да определи парична казна за обвинетото лице кое не ги почитувало здравствените мерки.​​

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk