Гостивар денеска ќе остане без вода

Гостиварци денеска ќе останат без вода. Од Општината наведуваат дека поради изведување на работи кај пречистителната станица, од 9:30 часот водоснабдувањето во Гoстивар ќе биде во прекин.

„Поради изведување на работи кај пречистелната станица во село Ворток, денеска од 9 и 30 часот до завршување на работите, во градот и во селата што се снабдуваат со вода од градскиот водовод, водоснабдувањето ќе биде во прекин“, соопшти Општината.

Од таму наведуваат дека бараат разбирање од граѓаните. Не е наведено кога градот ќе добие вода.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари