logo
logo
logo

Гостин сакал да убие змија, па направил пожар!? Откриена причината за пожарот на Беровско Езеро

Vecer | 01.05.2021

Гостин сакал да убие змија, па направил пожар!? Откриена причината за пожарот на Беровско Езеро

Испукана петарда е можната причина за пожарот кој вчера попладне избувна во близина на туристичкиот комлекс Аурора на Беровско Езеро. Извори за МИА велат дека неофицијално пожарот настанал откако некој од гостите покрај езерото со фрлена петарда се обидел да убие змија.

Од полицијата засега не ја потврдија информацијата, додадавајки дека ќе се произнесат со целосна информација околу точната причина за пожарот.

Во локализираниот пожар изгоре млада шума на површина од пет декари која се наоѓа веднаш до ѕидовите на комплексот, од каде јавно се заблагодарија за брзата интервенција на Територијалната противпожарна единица.

– Благодарност до сите одговорни и засегнати служби и граѓани кои спречија проширување на пожарот кој беснееше околу Беровското Езеро, непосредно до нашиот комплекс. Сите гости и персонал беа и остануваат безбедни, хотелот продолжува да функционира непречено, а шумата – богатството на овој регион останува заштитена. За вистинска катастрофа е потребно само мала негрижа, апелираме на одговорно однесување во претстојниот период, истакнаа од туристичкиот комплекс.

Апел за внимателно ракување со запалливи предмети и одговорно однесување во природа за време на празниците упатија и од ТППЕ Берово.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk