logo
logo
logo

Гордан Георгиев: Алијанса во Владата е „ПОЛН ПОГОДОК“ за ДУИ

Vecer | 24.11.2022

Гордан Георгиев: Алијанса во Владата е „ПОЛН ПОГОДОК“ за ДУИ

„Влегувањето на Алијанса на Албанците во влада е „полн погодок“ за ДУИ, бидејќи со тоа се иззема една важна опозициска партија од политичкиот мегдан“, рече политикологот и поранешен пратеник и потпретседател на Социјалдемократскиот сојуз, Гордан Георгиев во вечерашното издание на „Вин-Вин“ на телевизија „Телма“.

„Ја ставате како јуниор-партнер во владата и практично ја обезличувате идентитетски, што е проблем, особено кога сте долго време на власт, а имате опозиција која што претендира да ве замени. Имаме апсурдна ситуација во која партијата којашто е единствена денеска, беше на советнички листи со СДСМ на последните избори и веројатно тука ќе поентира ДУИ. Алијанса ќе поентира краткорочно. Тие ќе одат со паролата „За европска Македонија“ итн.“, вели Георгиев.

Според него, обидот за собирање доволен број на пратеници за уставните измени и таквиот тип на провокација кон ВМРО-ДПМНЕ, во смисла „еве сме 72-ца, 73-ца, 74-ца, 75, ни фалат уште пет“ и „постојаните ламентирања во јавноста дека ќе ги најдеме, има проевропски парламентарци во ВМРО-ДПМНЕ“, нема да завршат работа.

„Мојата теза е дека без целокупно ВМРО-ДПМНЕ во бродот, ние нема да може да ги направиме уставните измени. И не само што не можеме да ги направиме, туку и не треба да ги направиме“, нагласи Георгиев.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk