Влада

Горанче Савевски нов директор на БЈБ, Љупчо Андоновски на УБК

На денешната седница Владата на Република Македонија именуваше директори на Бирото за јавна безбедност БЈБ) и на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК).

 

Како што соопшти Владата, за директор на БЈБ е именуван Горанче Савевски, досегашен началник на Централните полициски служби, а за директор на УБК Љупчо Андоновски, досегашен началник на Одделот за безбедност и контраразузнавање - Скопје.

Савевски и Андоновски имаат завршено високо образование на Факултетот за безбедност. И двајцата имаат големо професионално работно искуство во Министерството за внатрешни работи.

Поврзани

Најнови вести

Коментари