Владата го разреши Горан Сугарески од функцијата директор на Царинската управа.

„Владата ја прифати одлуката на Комисијата за именување, Горан Сугарески да го разреши од должноста в.д. директор на Царинска управа, и на оваа позиција да ја именува Славица Котиров, досегашен заменик-директор“, соопшти Владата.

Причините за неговото разрешување не се наведени. Претходно, Сугарески беше министер за транспорт и врски.

 

makfax.com.mk