logo
logo
logo

(ВИДЕО) Голем пожар кај Чаирчанка: Зафатени се 4 објекти, се интервенира со 8 возила

Vecer | 25.05.2021

(ВИДЕО) Голем пожар кај Чаирчанка: Зафатени се 4 објекти, се интервенира со 8 возила

Попладнево голем пожар избува во близина на Чаирчанка. Според информациите на репортерот на ТВ21 од лице место, зафатени се 4 објекти, за среќа нема повредени лица.

Од МВР за ТВ21 потврдуваат дека зафатени се 4 објекти и на истите се интервенира со 8 противпожарни возила.

На 25.05.2021 околу 17 часот известени сме дека избил пожар кој до овој момент има зафатено два дуќани – сервиси за велосипеди и мотори, една куќа и чајџилница. Повредени лица како последица на пожарот до овој момент нема. Во моментов се уште се гасне пожарот од страна на БППЗ кои интервенираат со 8 возила.

Истрагата ќе треба да утврди која било причината за големиот пожар.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk