Гори сува трева

Голем пожар беснее во близина на Кичево

Портпаролот на Општина Кичево, Емин Насуфи, информираше дека во тој регион гори сува трева и оти припадниците на противпожарната единица од Кичево заедно со претставници од јавното шумско претпријатие „Лопушник" се обидуваат да го изгаснат огнот во тој регион.

Голем шумски пожар беснее во кичевско, под врвот на планината Добра Вода. Теренот е непристапен, а огнената стихија се шири со голема брзина.

Портпаролот на Општина Кичево, Емин Насуфи, информираше дека во тој регион гори сува трева и оти припадниците на противпожарната единица од Кичево заедно со претставници од јавното шумско претпријатие „Лопушник" се обидуваат да го изгаснат огнот во тој регион.

Теренот е непристапен и ќе останаат таму се додека е потребно, а во зависност од ситуацијата не е исклучено да се побара и интервенција на противпожарни авиони.

Поврзани

Најнови вести

Коментари