logo
logo
logo

Голем број МЛАДИ И ДЕЦА ЗАРАЗЕНИ СО БРИТАНСКИ СОЈ во Кичево

Vecer | 26.03.2021

Голем број МЛАДИ И ДЕЦА ЗАРАЗЕНИ СО БРИТАНСКИ СОЈ во Кичево

Во Кичево со појавата на британскиот сој на вирусот се повеќе млади и деца се заболени од истиот, вели д-р Неџат Балажи, началник на оддел во кичевската Општа болница.

Тој додава дека од појавата на британскиот сој  во Кичево состојбата од ден на ден се влошува. - Бидејќи забрзано расте бројот на новозаболени а, загрижувачка е појавата што голем број млади и деца имаме заболени од овој мутиран сој. Исто така бројот на инфицирани не само што забрзано расте, туку овие пациенти се со потешка клиничка слика и за жал во пораст е и смртноста, нагласи д-р Балажи.

Посочи дека младите не се поштедени овој вирус и имало неколку деца на десетина години, кои се лекувале во Општата болница, од кои еден млад пациент поради тешка клиничка слика бил упатен на натамошно лекување на скопските клиники.

Тој потсети дека притисокот на се поголемиот број на новозаболени е евидентен а тоа го потврдува и максималниот број на пациенти кои дневно се прегледуваат, снимаат им се зема лабораториски наод или се тестираат.

-Најдобра потврда дека состојбата со Ковид-19 во нашата општина од ден на ден се влошува е секојдневниот наплив на нови пациенти, кои се снимаат на рентген, прават лабораториски анализи или се тестираат. Нашиот дневен лимит од 30 пациенти секојдневно е пополнет а, поради потешка клиничка слика на дел новозаболени, правиме вонредни анализи и прегледи, за да им излеземе во пресрет и на нив, рече тој.

Според Балажи иако бројот на хоспитализирани секојдневно расте, сепак има уште петнаесетина слободни кревети, кои им стојат на располагање на потешко болните

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk