logo
logo
logo

ГО ВЛЕЧЕЛЕ ПО ХОДНИКОТ: Првенец на генерација трпел насилство од соученици во Градско

Vecer | 30.11.2022

ГО ВЛЕЧЕЛЕ ПО ХОДНИКОТ: Првенец на генерација трпел насилство од соученици во Градско

Нов случај на меѓуврсничко насилство во училиштата во Македонија. Двајца деветтооделенци подолг период физички и психички малтрерирале соученик во основното училиште „Даме Груев” во општина Градско.

Дете првенец на генерација трпело физичко насилство од соученици во основното училиште „Даме Груев“ во општина Градско.

Двајца деветтооделенци долг период физички и психички го малтретирале, а како што тој раскажал на два пати и му го искинале долниот веш во соблекувалната за физичко, го влечеле по ходникот.

Како што објави Сител претходно му го кршеле училишниот прибор, го газеле и фрлале низ прозор.

После последниот настан на 11 ноември момчето собрало храброст и им раскажало на родителите дека уште од минатата година било жртва на булинг од страна на двајца соученици. Таткото на детето целиот случај го пријавил во полиција, но од таму веќе трета недела нема разрешница.

Директорката на училиштето вели дека вакво нешто досега не се случило во нивната установа, а за насилството прв пат дознале од родителот ден откако поднел пријава во СВР Велес.

Поради претрпените трауми детето кое било првенец на генерацијата три недели не оди на училиште.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk