logo
logo
logo

Делегати на СДСМ до Заев

„Го разрешивте Пауновски ЗОШТО РАБОТЕШЕ ПО ЗАКОН“ (АУДИО)

Vecer | 17.05.2021

„Го разрешивте Пауновски ЗОШТО РАБОТЕШЕ ПО ЗАКОН“ (АУДИО)

Разрешувањето на екс директорот на Државен Пазарен инспекторат, кој одби да вработи 35 рамковни бидејќи како што велеше не исполнуваат услови, се најде и на конгресот на СДСМ.

Во затворениот дел за јавноста и медиумите, делегати на СДСМ го критикуваа лидерот на партијата Зоран Заев за таквиот однос кон Пауновски.

Според нив Заев направил катастрофална грешка со тргањето на Стојко Пауновски од функцијата.

Делегатот Владимир Митревски од СДСМ, според јавно објавените аудио снимки, директно на Заев му посочил: „Го разрешивте Стојко Пауновски зошто работеше според закон, тоа е катастрофална грешка“.

-Целата одговорност од разговорите со луѓето, од тоа колку го познавам и го знам Стојко Пауновски, сметам дека направивме сериозна грешка, заради тоа што наш директор кој во такви тешки услови се однесуваше така како што се однесуваше и работеше, го разрешивме само заради тоа што не сакаше во општини каде што има прекумерен број на вработени да прими уште, не знам која бројка, навистина е дестимулативно за другите, рече тој.

Целото негово обраќање од конгресот, слушнете го на следниот ЛИНК

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk