logo
logo
logo

ТРАГЕДИЈА КАЈ ГРАДСКА

Го носеле во болница зашто му било лошо, ПОЧИНАЛ пред неа откако возилото кое го превезувало се судрило со друго

Vecer | 13.04.2021

Го носеле во болница зашто му било лошо, ПОЧИНАЛ пред неа откако возилото кое го превезувало се судрило со друго

Вчера околу 13: 10 часот на ул.„11 Октомври“ во Скопје, пред Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „мерцедес“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.М.(37) од Скопје и патничко возило „шкода октавија“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Ј.В.(50) од Скопје, соопштија денеска од МВР.

- По незгодата, кај сопатникот во патничкото возило „мерцедес“ Е.М.(70) од Скопје, кој имал здравствени проблеми и му била влошена здравствената состојба, во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“, била констатирана смрт без траги од удар од незгодата, се вели во полициското соопштение.

Кај другиот сопатник Б.И.(46) од Скопје и возачот на другото возило Ј.В. биле констатирани телесни повреди.

По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било предадено за обдукција.

Увид на местото на незгодата извршила екипа од СВР Скопје.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk