logo
logo
logo

Глигоров, написмено, ГО ОБВИНИ ФРЧКОВСКИ ЗА ОБИД ЗА ПОТКУП од милион долари

Vecer | 08.03.2021

Глигоров, написмено, ГО ОБВИНИ ФРЧКОВСКИ ЗА ОБИД ЗА ПОТКУП од милион долари

Деновиве се зборуваше, пишуваше и објавуваше дека поранешниот министер за внатрешпни и за надворешни работи, поранешниот кандидат за претседател на Македониоја, поранешниот професор на Правен на УКИМ... Љубомир Фрчкоски е кандидат за амбасадор на Македонија во САД.

Фрчкоски не се симнува од медиумите, пред се од црната хроника и скандалозните теми.

Од времето кога беше министер за внатрешни му снема околу 25 килограми кокаин од депото на МВР, му се случи атентат на претседател на држава за кој не отвори соодветна истрага, му се случуваа набавки во четири очи за скапи слики, наочари и коњи за полицијата, хонорари од по десетина иљади долари за лого на возачките дозволи и пасоши, партиска монтирана тепачка во дискотеката Хард рок...

Му се случуваа тепања на студенти по паркинзи. Навреди и омаловажувања во јавноста на свои колеги, професори, но и на дузина други лица кои беа дел од политичкиот живот. Помина процес на лустрација оценет како кодош на свои колеги заради лично напредување во кариерата. Вработување на свои деца во јавни институции иако, според стажот и знењето, се далеку од употребливост на тие функции.

Кариерата на Фрчкоски е исполнета со скандали за корупција, насилство, клиентилизам и сериозни обвинувања за поткуп објавени во мемоарите на поранешниот претседател на Македонија, Киро Глигоров.

Во оваа прилика да се потсетиме само на дел од сознанијата на претседателот Глигоров за Фрчкоски:

Првиот претседател на Македонија Киро Глигоров во својата книга „Македонија е се што имаме“ од 2001 година говореше како Љубомир Фрчковски преку грчки посредници се обидел да го поткупи со милион долари ако се откаже од уставното име.

Глироров напиша дека ги ислушал но, понудените пари ги одбил.

„Имаше, тоа првпат ќе го кажам, еден навистина незамислив обид преку грчките специјални служби да се влијае и врз мене, и тоа на извондредно груб начин, да ја прифатам грчката солуција, да направам нешто за да се откажам од името Македонија….

Еден ден министерот за внатрешни работи, Фрчковски ми предложи да примам некои соработници од Службата за да ме известат лично за нешто од нивната работа. Ги примив, а тие ми кажаа дека имале некоја средба со нивни „колеги“ од Грција дека тие официјално им рекле да ми пренесат лично мене дека доколку попуштам околу името, готови се да ми префрлат, на која банка сакам во светот, милион долари-пишуваше Глигоров.

Потоа претсдателот ги прашал како си замислуваат шеф на држава да прими милион долари и да се откаже од името Македонија.

Јас ги ислушав, прво, долго ги гледав луѓето, а потоа им реков: „Добро, бре, луѓе, како си замислувате – шефот на оваа држава да прими милион долари, да се откаже од името Македонија. Како ве молам, воопшто сте го замислиле тоа? Како воопшто тоа некој може да си го замисли? Тоа е апсурдна работа, ако тоа воопшто некој си го замислил, тогаш јас не сум за ова место-напиша Глигоров во својата книга.

Неколку месеци потоа Глигоров овие тврдења ги кажа и на суд. Таму Глигоров детално ги опишал средбите со Фрчковски и како тој се обидувал да го подмити со скапоцена амфора, луксузен часовник па дури со куферче со пари кои биле подарок од грчки разузнувач за да го “омекнат“ да се откаже од името „Македонија“.

Го отвара куферчето, полно до горе долари. Тука има сто илјади долари. Овој кога си заминуваше, ми рече:

Јас морам да му се отплатам на претседателот што толку време бев тука, и, ми го даде ова куферче да ви го донесам. Тоа е негов подарок. Јас го гледам, а, бе, велам, Фрчко, зар не разбра ти онаа амфора кога ти ја вратив и часовникот, дека за таква работа, мене не ме бива. Добро, сега, човекот ги даде парите, сега што да правиме рече тој... Вака ја опиша Глигоров непријатната случка со Фрчовски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk