logo
logo
logo

Главниот финансиер за пречистителна станица, Павлова од ЕИБ, со ист став како и разрешениот Перински и контра Арсовска: Процесот е чист и воден беспрекорно!

Vecer | 22.03.2023

Главниот финансиер за пречистителна станица, Павлова од ЕИБ, со ист став како и разрешениот Перински и контра Арсовска: Процесот е чист и воден беспрекорно!

Потпретседателката на Европска инвестициона банка Лилјана Павлова на денешната прес-конференција во Клубот на пратеници ги демантираше обвинувањата од страна на скопската градоначалничка Данела Арсовска дека поранешниот директор на ЈП Водовод и канализации Златко Перински влијаел на тендерската документација за изградба на пречистителната станица.

Имено, одговарајќи на новинарско прашање кој е нејзиниот став бидејќи поранешниот директор на ЈП Водовод и канализација Скопје беше обвинет дека не го водел процесот за изградба на пречистителната станица како што треба и поради тоа бил разрешен од градоначалничката на Град Скопје Арсовска, потпретседателката на ЕИБ Павлова рече дека проектот е кристално чист и без никакви проблеми, укажувајќи дека Европската инвестициона банка не утврдила никакви отстапки од она што е воспоставено како правила и процедури од нивна страна.

- Она што можам да го кажам од оваа перспектива знаете дека Европската Инвестициона банка е главен финансиер и ние имаме и мораме да следиме посебни правила и процедури кои што се веќе воспоставени, вршиме надзор на процесот на набавка, да ги вршиме сите потребни и вонредни проверки и контроли и она што можам да го кажам е дека процесот на набавка беше успешно завршен и немаше отстапки и имаме зелено светло за потпишување на договорите за изградба и надзор од страна на Водовод и канализација. И во оваа фаза можам да кажам дека немаме проблеми и навистина со нетрпение ги очекувам роковите и датумите кога ќе се потпишат договорите и успешно да започнеме со имплементацијата, рече Павлова.

За потсетување на јавноста, ЕИБ и Европска банка за обнова и развој коишто се главните финансиери на овој голем проект уште тогаш преку соопштение ја демантираа Арсовска дека од самиот почеток на проктот се почитуваат условите и преземаните обврски за исплата на средствата и немаат никакви забелешки како се води целиот процес од страна на Златко Перински, тогашен директор на ЈП Водовод и канализација Скопје.

 

ВМРО-ДПМНЕ: Арсовска демантирана од ЕИБ, пречистителната станица е чист проект, паднаа маските и лагите за рацете во медот

 

Денес Владата го потпишува договорот со ЕИБ за грант на пречистителна станица во Скопје, проект во кој беше вклучен Златко Перински како директор на ЈП Водовод и канализација, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ, откако денеска потпретседателлката на Европска Инвестициона банка Лилјана Павлова на прес конференција ги демантираше обвинувањата од страна на скопската градоначалничка Данела Арсовска дека поранешниот директор на ЈП Водовод и канализации Златко Перински дека влијаел на тендерската документација за изградба на пречистителната станица.

Ќе потсетиме дека овој проект од капитално значење за скопјани беше директно саботиран од Данела Арсовска и СДС лажно манипулирајќи дека е криминален, и дека кадрите на ВМРО-ДПМНЕ се со рацете во медот.

Потпретседателката на ЕИБ Павлова потврди дека се работи за кристално чист проект.

“Она што можам да го кажам е дека ние мора да следиме посебни правила и процедури и вршиме надзор со вонредни и редовни контроли на процесот на оваа јавна набавка, но се мина како во добар ред и има зелено светло за Водовод да го потпише договорот, рече Павлова од Европската инвестициска банка.

Денес Арсовска присуствуваше на истиот проект поради кој го разреши Перински без никаков основ.

Арсовска се однесува како да има колективна амнезија на сеќавањето. И сега откако го одобри истиот проект, ќе се прикажува како за спасител на проектот кој го саботираше.

Паднаа маските. Се видоа лагите и клеветите на Арсовска за пречистителната станица, и се потврди коалицијата Арсовска, СДС, ДУИ и Левица.

Денес со Владата и СДС таа срка од истиот мед за кој говореше, но останаа груба дамка манипулациите и жестоките лаги кон претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и Златко Перински. Од лагите остана медот и срамот за Данела и владата на СДС, за народот пречистителна станица.

Најмалку што може денес Арсовска и СДС да направат е да се извинат за лагите кон Мицкоски, Перински и ВМРО-ДПМНЕ. Арсовска рекла, Арсовска порекла. Арсовска си срка тоа што плукала, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk