logo
logo
logo

Ѓорѓиевски: Четири години со прст не е мрднато за Кисела Вода, имаме делови кои немаат канализација

Vecer | 16.04.2021

Ѓорѓиевски: Четири години со прст не е мрднато за Кисела Вода, имаме делови кои немаат канализација

Четири години Филип Темелковски нема мрднато со прст за Кисела Вода, четири години немаме ниту еден капитален проект.

Во очи на предизборието се фалат со еден и единствен проект кој Шилегов во четири години не успеа ни да го доврши за нашата општина. Во 21 век имаме делови на Кисела Вода кои се уште немаат канализација и вода за пиење, како да се работи за некое село во 19 век, а не за урбана општина, дел од градот Скопје, се вели во Фејсбук статусот на Орце Ѓорѓиевски.

Тој пишува дека Темелковски се што направи се две улици кои ги премачка со асфалт, чија дебелина не е ниту 3 цм.

– Дури и тоа што сакал да го направи го прави неквалитетно и фушерски, па гледаме како се распаѓаат асфалтот и ивичњаците. А како би работел нешто Темелковски, кога е насочен на насилна бетонизација на населбата Расадник? Кисела Вода е претворена во алатка за профит на мала група фотељаши, а не општина која служи како сервис на потребите и барањата на граѓаните. Затоа се потребни итни и неопходни промени, посочува Ѓорѓиевски во својата Фејсбук објава.

 

4 години Филип Темелковски нема мрднато со прст за Кисела Вода,4 години немаме ниту еден капитален проект.Во очи на...

Posted by Орце Ѓорѓиевски on Friday, April 16, 2021

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk