logo
logo
logo

Ѓорчев во Вашингтон на форум за безбедност во Сенатот на САД

Vecer | 07.12.2022

Ѓорчев во Вашингтон на форум за безбедност во Сенатот на САД

Членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Влатко Ѓорчев учествува на парламентарниот форум за безбедност во Вашингтон кој се одржува во Сенатот на САД. Главни теми на форумот се војната во Украина, состојбата во Европа и светот, сајбер безбедноста, енергетската криза и други поврзани теми. На форумот ќе се обратат сенаторите Том Тилис, Бил Кесиди, Синтија Луминс и Џејмс Ланкфорд, како и 10-тина конгресмени и претставници од институции и организации од САД. На форумот учествуваат околу 200 учесници, како и пратеници од САД, Европскиот парламент, Канада, Велика Британија, Германија, Украина, Италија, Шпанија, Франција итн.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk