logo
logo
logo

Ѓорчев со обраќање на тркалезната маса на магазинот Форин полиси и Гугл

Vecer | 27.09.2022

Ѓорчев со обраќање на тркалезната маса на магазинот Форин полиси и Гугл

Членот на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Влатко Ѓорчев во Њујорк учествуваше на тркалезна маса и на форумот на Форин полиси (Foreign Policy), водечкиот светски магазин за надворешна политика и меѓународни односи. Ѓорчев имаше свое обраќање на тркалезната маса “Улогата на технологијата во зајакнувањето на демократијата во светот”, заеднички организиран од Форин полиси и Гугл. Водител и домаќин на тркалезната маса беше Рави Агравал, главниот уредник на Форин полиси. Исто така, Ѓорчев присуствуваше на Форумот за технологија на Форин полиси во Њујорк. Главните теми беа поврзани со технологијата, учеството на граѓаните во демократските процеси и вкупните состојби во меѓународните односи. Официјални партнери на Форумот се Гугл, ИБМ, Квалком и Фејсбук.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk