logo
logo
logo

Ѓорчев: Заев ќе ризикува животи само за да направи попис

Vecer | 10.03.2021

Ѓорчев: Заев ќе ризикува животи само за да направи попис

Пописот во вакви услови е голем ризик на јавното здравје, вели Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ, кој додава дека катастрофална и ужасна е одлуката на Зоран Заев да оди по секоја цена на политички попис за да ги исполни коалиционите барања кои што ги презеде за време на формирањето на Влада.

- Тоа е огромен ризик за јавното здравје, луѓето ќе умираат, луѓе ќе се гушат, луѓе ќе одат по погреби само затоа што Зоран Заев решил да направи попис по секоја цена, истакна Ѓорчев на прес конференција.

Според него разумно е пописот да се одложи една година, затоа што Македонија е земјата која што има најмногу починати по глава на жител во светот и најмалку вакцини во светот.

- Неодговорно е попишувачите да одат секој ден во стотици и стотици домови, да се шири заразата, а луѓето да умираат. Тоа е катастрофална, нехумана, нечовечка одлука на Зоран Заев и неговите министри, нагласи Ѓорчев

[embed]https://youtu.be/xH-QfPuQTxE[/embed]

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk