Невозможно е Бугарија во блиска иднина да ги смени позициите кои ги има спрема Македонија во однос на  члeнство во ЕУ, изјави Марјан Ѓорчев поранешен амбасадор на Македонија во Бугарија.

– Од моето гледање такво гледање во блиска иднина не е возможно. Силниот лидер кој сега, а убеден сум дека и после претседателските  изборите  ќе ја води Бугарија е Румен Радев. Тоа е човекот кој има кристално јасни ставови кон Република Македонија во однос на она што претставува проблемот во историско образовниот спор, вели Ѓорчев.

Тој додава дека Радев важи за голем авторитет, тој има рејтинг кај бугарските граѓани повеќе од 50 проценти, така што таа силна личност, но и човек кој кон Република Македонија ја следи траекторијата на бугарската академија на науките, ја следи декларацијата.

– Тешко ќе може без соодветен притисок од страна на силните држави пред се Германија и Франција и државите кои имаат демократски пристап кон решавањето на билатералните спорови да се измести таа бугарска позиција, рече Ѓорчев