logo
logo
logo

Ѓорчев: Немаше да се вакцинирам ако бев пратеник, ЌЕ ЈА ДАДЕВ ВАКЦИНАТА НА НЕКОЈ КОМУ ПОВЕЌЕ МУ ТРЕБА

Vecer | 23.04.2021

Ѓорчев: Немаше да се вакцинирам ако бев пратеник, ЌЕ ЈА ДАДЕВ ВАКЦИНАТА НА НЕКОЈ КОМУ ПОВЕЌЕ МУ ТРЕБА

Да бев пратеник, денес НЕМАШЕ да се вакцинирам.  Ќе ја препуштев мојата “пратеничка” вакцина на некој постар, некој со хронични заболувања, некој медицински работник, лице со посебни потреби или слична категорија, изјави екс пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев.

Тој вели дека не е во ред пратениците да добијат привилегија меѓу првите да се вакцинираат, а   ако ја добијат, тогаш треба да ја одбијат.

- Имам разбирање ако се вакцинира пратеник НАД 65 години, со хронични заболувања, исто како другите граѓани.  Не е во ред да се вакцинира некој пратеник со 27, 30 или 40 години, во добра здравствена состојба. Фијаското на Владата и министрите со вакцините е ОГРОМНО, а последиците се ИЛЈАДНИЦИ загубени човечки животи.  Тоа е нивниот срам и дебакл, потенцира тој

Ѓорчев вели дека треба да се е вакцинира кога ќе му дојде редот.

-  Секој носи своја лична одлука, а јас го кажав моето лично мислење, рече Ѓорчев

Да бев пратеник, денес НЕМАШЕ да се вакцинирам. Ќе ја препуштев мојата “пратеничка” вакцина на некој постар, некој со...

Posted by Владимир Ѓорчев (Влатко Ѓорчев) on Friday, April 23, 2021

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk