logo
logo
logo

Ѓорчев: Намерата на власта и Царовска е да ги избришат македонските книги, историјата и идентитетот

Vecer | 07.06.2021

Ѓорчев: Намерата на власта и Царовска е да ги избришат македонските книги, историјата и идентитетот

Со реформите на Царовска и власта во образованието и воведување на само дигитални учебници се крие намера за бришење на историјата, бришење на македонските книги и македонскиот идентитет, изјави Влатко Ѓорчев, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, за „Што мисли народот“ на ТВ Стар.

Ѓорчев вели дека никој не е против дигитализација, напротив ВМРО-ДПМНЕ, прва започна со тоа, но власта со овие т.н. реформи сака идеолошка интервенција и намери кои се поинакви од тоа што го кажуваат во јавност.

- Светот се дигитализира, а  ако некој ја донесе дигитализацијата во Македонија, тоа е ВМРО-ДПМНЕ и тоа преку компјутер за секое дете. Имаше илјадници компјутери и не зависевме од донација на фирми, ако даде 20 компјутери па месец дена да се сликаме со тоа. Дигитализација е потребна, но тоа не треба да ги дерогира печатените учебници, книгите.  И на Харвард, Принстон, Оксфорд, на најдобрите универзитети во целиот свет се учи од книги. Сега заради каприците на Мила Царовска, ние треба да осакатиме цели генерации и десетици илјади деца, истакна Ѓорчев.

Ѓорчев нагласи дека за да не се случи осакатување на идните генерации потребен е сериозен пристап, и иако дигитализација е отребна, сепак првенствено мора учениците да имаат печатени учебници.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk