Нелогично и лицемерно е СДСМ преку ден да најавува и спроведува попис на населението, попладне функционерите на СДСМ да одат во илјадници домови за ажурирање на членството на СДСМ како огромен, огромен ризик за јавното здравје, а навечер да се најавува полициски час. Ова го истакна Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ.

„Тоа е лицемерно, тоа е ризик за јавното здравје, тоа е целосно нелогично“, смета Ѓорчев.

Порача дека е време за оставки бидејќи Македонија е земја со најлоши бројки, најмалку вакцинација, а најмногу починати од коронавирусот.

Претходно денеска Владата донесе одлука за повторно воведување на полициски час од 22 часот навечер до 5 часот наутро, почнувајќи од утре вечер, 10 март, до 22 март во 5 часот наутро.

makfax.com.mk