logo
logo
logo

Ѓорчев: ЛИЦЕМЕРИЕ, преку ден попис, а навечер полициски час (ВИДЕО)

Vecer | 09.03.2021

Ѓорчев: ЛИЦЕМЕРИЕ, преку ден попис, а навечер  полициски час (ВИДЕО)

ВМРО-ДПМНЕ реагира на спроведувањето на попис во моменти кога во Македонија владата воведува полициски час поради влошената епидемиолошка состојба поради коронавирусот

Влатко Ѓорчев изјави дека нелогично и лицемерно е СДСМ преку ден да најавува и спроведува попис на населението, попладне функционерите на СДСМ да одат во илјадници домови за ажурирање на членството на СДСМ како огромен, огромен ризик за јавното здравје, а навечер да се најавува полициски час.

– Тоа е лицемерно, тоа е ризик за јавното здравје, тоа е целосно нелогично. Господо од СДСМ, време е за оставки. Време е за оставки за тоа што сте најлоши на светот, со најлоши бројки, со најмалку вакцинација, а најмногу мртви од короната, истакна Ѓорчев

Ѓорчев нагласи дека фијаско и катастрофа што се случува секој ден во Македонија.

[embed]https://www.youtube.com/watch?v=1jNk61JHmiY&feature=emb_title[/embed]

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk