logo
logo
logo

Ѓорчев: Кога свитата на Заев преговара, Македонија губи, со оваа гарнитура нема црвени линии

Vecer | 16.02.2021

Ѓорчев: Кога свитата на Заев преговара, Македонија губи, со оваа гарнитура нема црвени линии

„Секогаш кога Зоран Заев, СДСМ , Димитров и целата таа свита преговара, Македонија губи. Значи ние последниве 3-4 години има ли за нешто за што сме се израдувале? Нема. Има ли некоја ситуација каде што ни се наполнило срцето? Не. Ние сме понижени и опљачкани.

Македонија никогаш не била попонижена и поопљачкана. Така што не сум оптимист дека било што добро ќе испреговараат, а она за што сум сигурен е дека сето она што сме го граделе и создавале, за она за што сме се бореле со генерации, децении и векови, дека со невидена леснотија ќе биде пуштено низ вода“, нагласи Владимир Ѓорчев, секретар за меѓународна соработка на ВМРО-ДПМНЕ говорејќи за преговорите со Бугарија при своето гостување во „Само Вистина“.

Ѓорчев додаде дека овие четири години се всушност години на понижување на Македонија, за македонскиот народ. Со оваа гарнитура нема црвени линии. Со оваа гарнитура око не им трепнува за работи за кои што на сите ни тежат, кои што се длабоки, кои што се дел од македонскиот идентитет, битисување.

„Истовремено ние во оние згради на „Илинденска 2“ или „Илинденска бб“ имаме неразбрани трговци“, истакна Ѓорчев.

Ѓорчев посочи дека нема човек во Македонија кој што му верува на Зоран Заев.

„Дојдовме до тоа министер во Владата на Македонија, Бојан Маричиќ од СДСМ и тоа треба да пишува и ќе го пишува еден ден во историските читанки, со свој допис и циркулар вели се забранува користењето на терминот Македонија“, рече Ѓорчев.

Ѓорчев додаде дека поради Заев и СДСМ не смее граѓанин дома, во своите домови да каже Македонија.

„Министерот што го плаќаат граѓаните на Македонија пишува –„Воедно термините Македонија, Република Македонија и други, во преведена или непреведена форма, не смеат да се употребуваат во целокупната внатрешна и надворешна официјална комуникација од сите“, ова веќе е драматично. Поради владата на СДСМ ние имаме хипер продукција на скандали“, појасни Ѓорчев.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk