Ѓорче преполно, Мицкоски и Мисајловски порачаа: Многу луѓе сакаат да го видат лавот паднат бидејќи е најмоќен - тоа нема да се случи

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајлоски денеска остварија средба со граѓаните и членовите на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Ѓорче Петров.

Пред големиот број на присутни граѓани претседателот Мицкоски порача дека Република Македонија и граѓаните не треба да бидат заведени туку водени од политичарите и тоа по траекторија која ќе биде исклучително темелена на принципиелност, чесност и искреност, односно како што нагласи тој овие три збора се многу значајни бидејќи се карактерна особина на ВМРО-ДПМНЕ и на граѓаните на Република Македонија.

- Нас не ни треба ниту луксуз, ниту црвени килими, нас ни требаа само доверба од граѓаните на Република Македонија, од нашите сопартијци, од подржувачите на ВМРО-ДПМНЕ, од македонската нација за да истраеме во оваа битка која што ја започнавме пред неколку месеци. Ние таа доверба од ден на ден ја добиваме, ја чувствуваме како пулсира ширум плоштадите, ширум штабовите на ВМРО-ДПМНЕ низ Македонија во сите оние средби кои што ги имаме со вас граѓаните, вели тој.

Додека потпретседателот Мисајлоски додаде дека и покрај тоа што Македонија и граѓаните се наоѓа во едно тешко време, ВМРО-ДПМНЕ е познат по еден симбол а тоа е лавото, додавајќи дека колку и да е борбата тешка лавот секогаш се воздигнува и победува.

Кога многу граѓани или многу интелектуалци велат да се изгради став јас би им порачал вака

„Многу луѓе сакаат да го видат лавот паднат бидејќи е најмоќен. Многу луѓе сакаат да видат како ќе биде измачуван, прогонуван, зошто е најмоќен. Многу луѓе сакаат да видат како се мачи тој и како ќе падне на колена и неговата глава, Но, јас морам да ви кажам нешто лавот кога е најдолу повторно секој има страв од лавот и тој се воздигнува и победува. Затоа борбата секогаш ќе продолжи", вели тој.

Мицкоски додаде дека во време на СДСМ и Зоран Заев, граѓаните живеат многу лошо, потенцирајќи го економското цунами, покачувањето на акцизата за гориво, немањето на капитални инвестиции, безбедност на граѓаните е доведена во прашање, корупција, криминални тендери склучени во четири очи кое што резултира со осиромашување на граѓаните а богатење на партиските функционери, а на сметка на ова ги распродаваат националните и државните интереси и ја понижуваат Република Македонија и нејзините граѓани.

Мицкоски упати силна порака и им порача на граѓаните дека сето ова ќе заврши многу брзо.

- Ќе заврши сето ова, ќе дојде 1-ви Октомври, ќе се разбудиме утрото и сите реални проблеми на нашите сограѓани ќе останат. Ќе остане проблемот како од 1-ви до 1-ви да се скрпи, дали некој наш комшија ја напуштил нашата држава, дали можеме да си го дозволиме ова, дали може да си го дозволиме она затоа што сме во без излез и затоа што нема алтернатива. Но, едно треба да знаеме сите ние или барем повеќето од нас дента кога се приклучивме на организацијата, се приклучивме затоа што знаевме и верувавме дека кога ќе дојде денот, кога ќе дојде историскиот момент, организацијата е таа којашто ќе се исправи и ќе застане во одбрана на националните интереси на нашата нација и на нашата земја, изјави Мицкоски.

Поврзани

Најнови вести

Коментари