logo
logo
logo

Го снема „БУГАРСКИ ФАШИСТИЧКИ ОКУПАТОР“ од спомен плочата во чест на Богомилскиот марш 

Vecer | 19.09.2022

Го снема „БУГАРСКИ ФАШИСТИЧКИ ОКУПАТОР“ од спомен плочата во чест на Богомилскиот марш 

Градоначалникот на Чашка пријавил во полиција дека на спомен обележје над здравствена установа во Јасеново, на стариот пат кон Прилеп, со брусење е оштетен дел од текстот на плочата на споменикот. Полициски екипи упатени на лице место и се преземаат мерки за расчистување на случајот, објави Телма. 

Ги нема зборовите „бугарски фашистички“ окупатор од спомен плочата во чест на Богомилскиот марш 

Според Законот за меморијални споменици и спомен обележја, предвидена е казна за кривично дело со парична казна или со затвор до три години за оној што ќе оштети или уништи меморијален споменик. 

Од министерство за култура одговорија дека споменикот не е регистриран како заштитено културно наследство. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk