logo
logo
logo

Рашковски ги „реши“ софтверите во влада, ПА СЕГА ИМА ПРЕДЛОГ ЗА ПРЕВОЗОТ ВО СКОПЈЕ

Vecer | 07.12.2022

Рашковски ги „реши“ софтверите во влада, ПА СЕГА ИМА ПРЕДЛОГ ЗА ПРЕВОЗОТ ВО СКОПЈЕ

Поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски кој е обвинет за случајот „Софтвери“ преку колумна дава предлози како спорниот софтвер за кој е обвинет би можел да го реши сообраќајниот хаос во главниот град.

Деновиве во Скопје се случува целосен сообраќаен хаос, а можевме да бидеме светски пример за негова организација. Некако се научивме да за успех го сметаме поправањето на она што самите сме го направиле како проблем, вели тој.

Додава дека без да навлегува во правните аспекти на она што е предмет на судскиот процес околу набавката на Софтверот за сообраќајна анализа, сметаа за потребно граѓаните да бидат запознаени која е можната примена на овој софтвер, односно која е неговата странична примена која како идеја произлезе откако во неколку наврати успешно извршивме анализи преку истиот:

Ние како држава преку овој софтвер имаме револуција во патничкиот сообраќај, а тоа е „црна кутија“ за моторни возила. За што станува збор:

1.Употреба на системот во автобуски превоз.

Секој автобус или друго помало превозно средство што врши групен превоз ќе постави уред за снимање на предното ветробранско стакло (може да е телефон со камера или само камера со интернет приклучок) заради конекција на системот.

Пред почетокот на секое ново патување, возачот избира опција дека отпочнува нова рута и системот генерира QR код кој е идентификациона ознака само за тоа патување. При влез во автобус, патниците кои сакаат да се информираат за начинот на кој се превзеувани го скенираат QR кодот од уредот на возилото преку својот телефон и се поврзуваат на системот.

На тој начин секој патник ќе може да знае:

– дали возилото е регистрирани и податоци за возачот,

– дали возилото се движи со соодветна брзина според знаците и дали просечната брзина е соодветна,

– дали возачот прави соодветни паузи при возењето,

– дали возачот поминал на црвено,

– дали возачот претекнува на полна линија,

– дали возачот непрописно се престројува,

Секој патник ќе биде на еден начин дополнителни “очи и уши на возачот”, со што и самиот возач многу повеќе ќе внимава кога знае дека патниците го следат во неговото возење.

2.По последните катастрофални автобуски сообраќајни несреќи, оваа алатка и тоа како ќе биде добредојдена за родителите кои своите деца ќе ги испраќаат на екскурзија или друг вид на самостојно патување. Кога ќе го качат детето во автобусот родителите ќе го скенираат QR кодот на уредот на возилото и во текот на целото патување ќе добиваат информации како патува нивното дете и дали возилото е управувано согласно правилата за сообраќај, со што психолошкиот товар ќе биде многу помал кога ќе имаат целосен увид во патувањето во секој негов детаљ, како што кажавме погоре.

3.Сообраќајната полиција со отчитување на QR кодот на возилото ќе добие целосен историјат на патувањето на тоа возило, при што ќе добие и список на направените прекршоци. Овој процес може целосно да се автоматизира, при што за професионалните превозници ова да биде задолжително, така што при креирање на почеток на рута и QR код, истиот автоматски се запишува и во базата на МВР, со што секој прекршок се евидентира како прекршочна казна.

4.Една од најчестите причини за сообраќајни несреќи се неискусни возачи. Ваквиот систем ќе дава можност истиот да е задолжителен за возачи почетници во првите неколку месеци по положувањето на возачкиот испит, со што би се добил двоен бенефит, како за возачите да ги увидат своите грешки, така и за родителите кои со пристап до податоците од возењето на своето дете, ќе можат помирно да спијат. Ова особено се однесува на возење за време на прослави, како матурски вечери, роденденски забави и слично.

5.Ваквиот систем може да се имплементира и кај градскиот превоз, со што секој патник би знаел како се превезува и ќе добива податоци кои погоре ги напоменавме. Преку вакво поврзување се добива и можност да се добива информација на самата постројка за тоа каде се наоѓа автобусот кој го чекате и за колку време ќе биде на вашата локација.

6.Ваков систем би бил многу значаен за такси превозниците, со што секој патник ќе знае како се превззува, но и со кого се превезува. Родителот би знаел во кои услови се вози неговото дете во такси возилото.

7.Системот ќе може да е достапен и за поединечните возачи, како за самоконтрола преку системот, така и за контрола од страна на совозачите, кои поради разни специфичности на одредени ситуации, може да имаат потреба да проверуваат како возачот се држи на патот.

Да го имаше некој друг ќе гледавме со восхит. Тоа што некој се обиде да фрли дамка врз овој мега проект не значи дека тој не постои. Од нас зависи, стои во неговата колумна.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk