logo
logo
logo

Латас

„Германскиот претседател ги демантираше Пендаровски и Ковачевски за ЕУ, на јавноста и кажа дека и се даваат лажни надежи“

Vecer | 29.11.2022

„Германскиот претседател ги демантираше Пендаровски и Ковачевски за ЕУ, на јавноста и кажа дека и се даваат лажни надежи“

Главната поента е дека германскиот претседател ги демантираше премиерот на Република Македонија и претседателот на Македонија, како и Маричиќ вицепремиерот за евроинтеграции кои рекоа дека Македонија кај и да е ќе влезе во ЕУ најкасно 203- година, што е 8 години од денес.  Тој рече дека тоа не е така и дека никој од Македонија, ниту од ЕУ може да биде оптимист и да каже кога ќе се влезе, туку дека треба да си ги гледаме домашните задачи и да си ја гледаме работата дома, изјави новинарот Драган Павловиќ Латас за „Само вистина“ на Канал 5.

Латас истакна дека тоа е посилна порака, каде што на македонската јавност и е речено дека оваа влада не и дава вистинска информација, туку дава лажни надежи и дека нема датум во скоро време, како што нас ни ветуваат ако се поддржи оваа власт за 8 години ќе се влезе во ЕУ.

- Ова е важно и во контекст на бугарскиот ултиматум и во контекст на реализација на Договорот од Преспа каде што се реализира набрзина и тоа што не е обврска пред да влеземе во ЕУ. Тоа е пораката од Германија и прилично е јасна, рече Латас.

Латас додаде дека тоа значи дека сега на претседателот, на премиерот, ни на вицепремиерот за евроинтеграции не можеме да им веруваме кога ќе кажат датум за почеток на преговори и уште помалку датум за влез во ЕУ.

- Да кажам една работа, Заев кој во СДСМ викаат дека бил подобар премиер од сегашниот Ковачевски, дури ни тој не ветуваше дека до 2030 година Македонија ќе влезе во ЕУ. И тогаш  бевме настрана и сега сме, и тогаш немавме почнато преговори и сега немаме. Тоа што во вокабулар повторуваат дека сме почнале преговори не е точно. Тоа што сега ние го поминуваме со услов не го поминал никој. Дури ни Србија која има проблем со ЕУ заради Косово не го поминала овој процес. Србија си ги почна преговорите, нагласи Латас.

Тој посочи дека ние сме во полоша ситуација од Србија која има поголем проблем од нас бидејќи има внатрешен проблем со отцепување на дел од територија кој треба да го признае.

- Францускиот предлог вели дека треба да го смениме уставот за да почнеме преговори. Прецизно зборуваме, што значи дека додека не се смени Уставот и не се внесат Бугарите нема почеток на преговори. Сега имаме условен скрининг, изјави Латас.

 

.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk