logo
logo
logo

Германија ја врати Македонија на листата на високоризични земји од инфекција со Ковид-19

Vecer | 14.01.2022

Германија ја врати Македонија на листата на високоризични земји од инфекција со Ковид-19

Германија ја врати Македонија на листата на високоризични земји, па од недела ќе биде потешко да се влезе во таа земја, односно невакцинираните и лицата кои не прележале КОВИД ќе мора да бидат ставени во карантин, јави дописникот на МИА од Белград. Покрај Македонија, на листата на земји со поголем ризик од зараза се вратени Србија, Босна и Херцеговина и земјите од ЕУ, како Франција, Австрија, Летонија, Бугарија и други земји од повеќе делови на светот. Што се однесува до нашиот регион, Хрватска од 24 октомври минатата година е на листата на високоризични земји, Црна Гора од 15 август, а Словенија од 26 септември. Враќањето на листата на високоризични земји особено ги погодува патниците кои не се вакцинирани. Од недела, сите патници кои сакаат да влезат во Германија ќе треба да се пријават електронски, а мора да имаат потврда за вакцинација или за прележан КОВИД или негативен тест за корона вирус. Вакцинираните и излекуваните лица не мора да одат во задолжителниот 10-дневен карантин. Лицата кои не биле заразени со КОВИД и не се вакцинирани може да бидат ослободени од изолација најрано на петтиот ден со тестирање за КОВИД-19. Од оваа мерка се ослободени невакцинираните деца до шест години, а карантинот автоматски им се прекинува по пет дена. Германија ги заостри мерките за влез поради ширењето на омикрон сојот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk