logo
logo
logo

Гаши ќе преговара со Заев и новиот мандатар - АКО ИМАЛО ВОЛЈА ЌЕ ВЛЕЗАТ ВО ВЛАДА

Vecer | 26.11.2021

Гаши ќе преговара со Заев и новиот мандатар - АКО ИМАЛО ВОЛЈА ЌЕ ВЛЕЗАТ ВО ВЛАДА

Вечерва заседаваше Централното претседателство на Алтернатива, на кое се разговараше за актуелната политичка состојба и за можен влез во владата.

Како што изјави портпаролот на партијата, Орхан Муртанези централното претседателство го овластило претседателот на партијата Африм Гаши да преговара со актуелниот премиер и новиот мандатар за тоа кои се целите и дали постои интерес за рамнотежа во власта.

Тој рече дека  државата е во сериозна криза, и чекајќи го датумот за ЕУ државата се најде во ќорсокак, а  Алтернатива како сериозна политичка партија која секогаш знаела да се издигне над партиските интереси разговарала за помошта што може да ја даде за излез од оваа ситуација.

- Ќе дадеме шанса на стабилноста за да може земјата да добие датум. Ќе видиме дали има волја да се создаде рамнотежа во власта и кои се нивните цели. Се зависи од тоа што ќе се разговара. Одлуката ќе се донесе на централното претседателство кога ќе има нешто конкретно, рече тој.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk