logo
logo
logo

Фуере: Изненаден сум што НЕМА ОТПОР ОД ВЛАДАТА ЗА ДА ИМА РЕЦИПРОЦИТЕТ со Бугарија

Vecer | 13.08.2022

Фуере: Изненаден сум што НЕМА ОТПОР ОД ВЛАДАТА ЗА ДА ИМА РЕЦИПРОЦИТЕТ со Бугарија

Тоа беа тешки „апчиња“ за голтање од македонските граѓани и мислам дека ова ја докажува определбата на граѓаните и државата да ги извршуваат и постигнат главните политички цели. Многу ќе зависи од имплементацијата и како ЕУ ќе пристапи кон ова, фокусирајќи се конкретно на Договорот за добрососедство со Бугарија бидејќи за жал видовме дека што се однесува до имплементацијата, Бугарија се однесуваше повеќе како колонијална сила отколку како членка на ЕУ, вели поранешниот евроамбасадор во Скопје Ерван Фуере во интервју за Алсат говорејќи за Рамковниот договор и актуелната ситуација.

- Морам да кажам дека сум малку изненаден, на пример, од обврската на владата да направи уставни измени за да го признае постоењето на бугарската заедница во државата. Изненаден сум што нема отпор од владата за да се обезбеди реципроцитет по ова прашање бидејќи сите знаеме дека Бугарија и понатаму одбива да ги признае и спроведе одлуките на Европскиот суд за човекови права во однос на признавањето на македонската заедница во Бугарија, додава тој

Вели дека затоа, ова ќе остане прашање за поделби во македонското општество и тоа е разбирливо.

-  Исто така и прашањето дека сега некои делови од Договорот за добрососедство се дел од преговарачката рамка и мислам дека тоа навистина создава нова невидена ситуација во процесот на проширување. Токму поради недостатокот на реципроцитет за признавање на заедниците во Македонија и Бугарија, мислам дека е срамно што ЕУ дозволи тоа да се случи затоа што која е целта на овој суд доколку не се почитуваат неговите одлуки, истакна Фуере.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk