logo
logo
logo

Фросина Ременски ПОДНЕСЕ КАНДИДАТУРА ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СДСМ

Vecer | 01.12.2021

Фросина Ременски ПОДНЕСЕ КАНДИДАТУРА ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СДСМ

Фросина Ременски денеска поднесе кандидатура за претседател на СДСМ велејќи дека одлуката ја донела имајќи го во предвид целокупниот нејзин општествено политички и партиски активизам во денови и време кога СДСМ беше соочен со тешка опозициска состојба, кога се носеле сериозни државотворни одлуки и кога се бореле да го задржат единството во партијата.

-  Денеска предавањето на мојата кандидатура има и еден друг симболизам. Кандидатурата ја предавам во 16-те дена женски активизам за борба против насилството врз жените во политиката и генерално родово базираното насилство, дискриминацијата, говорот на омраза и нетолеранцијата“, истакна Ременски.

Таа вели дека ја очекува поддршката од своите колешки во партијата.

Партијата на 12-ти декември ќе го избира новиот претседател, откако лидерот Зоран Заев поднесе оставка од функцијата по поразот на локалните избори.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk