logo
logo
logo

Фросина Ременски поднесе кандидатура за претседател на СДСМ

Vecer | 01.12.2021

Фросина Ременски поднесе кандидатура за претседател на СДСМ

Поранешната потпретседателка на СДСМ, Фросина Ременски поднесе кандидатура за претседател на партијата, дознава Телма од висок функционер на партијата. Таа е вториот кандидат, откако кандидатура поднесе и заменик министерот за финансии Димитар Ковачевски. Партијата на 12-ти декември ќе го избира новиот претседател, откако лидерот Зоран Заев поднесе оставка од функцијата по поразот на локалните избори. Според статутот на СДСМ за претседател може да се кандидра секој член со најмалку пет години работа во партијата и со поминат најмалку еден мандат како член на Централниот одбор со право на глас. Рокот за поднесување кандидатури истекува во петок.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk