logo
logo
logo

Фрчат казни за возачи на мотоцикли!

Vecer | 13.06.2021

Фрчат казни за возачи на мотоцикли!

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (12.06.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На територијата на град Скопје изречени се вкупно 235 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 73 санкции, 17 за возење без возачка дозвола, 56 прекршоци што го чинат возачите на мотоцикли.

Изречени се шест санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила, 17 за управување под дејство на алкохол, четири за минување на затворен сигнал (црвено светло), 51 санкција за непрописно паркирање, информираат од МВР.

Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk